Центарот за обезбедување и надзор (ЦОН) работи 24 часа, 7 дена во неделата и во него пристигнуваат сите типови на алармни дојави од сите објекти во вашата компанија каде што е поставена безбедносна заштита (телефонска, GSM-GPRS или IP). ЦОН е задолжен за координација и комуникација со интервентниот патролен тим и останатите сектори и служби кои се во составот на Агенцијата за приватно обезбедување “УНА” во случај на алармен сигнал. Во рамките на ЦОН, работи и Служба за техничко обезбедување, 24 часа достапна и се грижи за техничката исправност на уредите и системите поставени во вашата компанија.
Преку ЦОН се нудат следните услуги:
против-провални алармни системи со 24 часовни техничко и патролно обезбедување;
комбинирани против-провални и против-пожарни системи со 24 часовно техничко и патролно обезбедување;
известување и алармирање во случај на пристигнат алармен сигнал во ЦОН (известување и активирање на интервентниот патролен тим кој се наоѓа најблиску до објектот кој е изложен на потенцијален ризик и во зависност од ситуацијата известување на локалната против-пожарна служба, сопственикот или одговорното лице);
“Паник тастер“.