УСЛУГИ

Физичко обезбедување

Професионални услуги од областа на обезбедување од добро обучени службеници за физичко обезбедување кои работаат по високи стандарди и правила на работа може да е само од корист за вашата компанија.

За таа цел Агенцијата за приватно обезбедување “УНА” ви ги нуди следните видови услуги за физичко обезбедување на лица, имот и објекти:

 стационарно физичко обезбедување;
 физичко обезбедување на индустриски капацитети (надгледување и контрола на производствени капацитети и погони);
 портирска служба / услуги;
 патролно физичко обезбедување со пешачки патроли и патролни возила;
 лично обезбедување / телесна заштита;
 обезбедување на јавни собири и настани (спортски натпревари, приватни прослави, манифестации…).

Во зависност од потребите и барањата во рамки на физичкото обезбедување може да бидат вклучени и други безбедносно-заштитни активности прилагодени кон потребите на клиентот.

Техничко обезбедување

Висококвалификуваните инженери и техничари со повеќегодишно домашно и интернационално професионално искуство од областа на имплементација на безбедносни системи може да и помогнат на вашата компанија околу постигнување на високо ниво на техничко обезбедување.

Агенцијата за приватно обезбедување “УНА” во рамките на техничко обезбедување, ги нуди следните услуги:

 проектирање, испорака и монтажа на системи за техничко обезбедување и нивна гаранција;
 редовно одржување и сервисирање преку сопствен сервис и
 дежурни сервисни екипи 24/7.

Следните видови на безбедносни системи може да ги понудиме за вашата компанија:

 алармни системи за заштита од провала, кражба и напад;
 системи за видео-надзор;
 системи за контрола на пристап;
 системи за детекција и дојава за пожар;
 системи за детекција и дојава за присуство на гас и вода;
 домофонски и видео-домофонски системи;
 системи за периметарска заштита;
 контрола на возила со рампи, автоматски капии и автоматизирани паркинг системи со наплата;
 интегрирани безбедносни системи.

Преку локален видео-мониторинг центар обезбедуваните објекти локално се надгледуваат од страна на службениците за обезбедување преку мониторинг систем инсталиран на самата локација (CCTV – технологија), алармен систем, против-пожарен систем и систем за контрола на пристап.

Агенцијата за приватно обезбедување “УНА” како дел од својата понуда ја нуди и услугата за проверки на движење по GPS (Global Positioning System).

Центар за обезбедување и надзор (ЦОН)

Центарот за обезбедување и надзор (ЦОН) работи 24 часа, 7 дена во неделата и во него пристигнуваат сите типови на алармни дојави од сите објекти во вашата компанија каде што е поставена безбедносна заштита (телефонска, GSM-GPRS или IP). ЦОН е задолжен за координација и комуникација со интервентниот патролен тим и останатите сектори и служби кои се во составот на Агенцијата за приватно обезбедување “УНА” во случај на алармен сигнал. Во рамките на ЦОН, работи и Служба за техничко обезбедување, 24 часа достапна и се грижи за техничката исправност на уредите и системите поставени во вашата компанија.

Преку ЦОН се нудат следните услуги:

 против-провални алармни системи со 24 часовни техничко и патролно обезбедување;
 комбинирани против-провални и против-пожарни системи со 24 часовно техничко и патролно обезбедување;
 известување и алармирање во случај на пристигнат алармен сигнал во ЦОН (известување и активирање на интервентниот патролен тим кој се наоѓа најблиску до објектот кој е изложен на потенцијален ризик и во зависност од ситуацијата известување на локалната против-пожарна служба, сопственикот или одговорното лице);
 “Паник тастер“.

Безбедносен консалтинг

Согледување и анализа на постоечката состојба и давање на предлог мерки за подобрување на комплетното обезбедување и вкупната компаниска безбедност во работењето на сите поединечки објекти и имот се дел од услугите во рамки на безбедносниот консалтинг кој го нуди Агенцијата за приватно обезбедување “УНА”.

Дополнително, преку проактивно планирање и подготовка, да ја подготвиме вашата компанија за реакција во време на вонредна ситуација / криза која би го загрозила работењето. Крајната цел на кризниот менаџмент и корпоративната безбедност како дел од безбедносниот консултинг е минимизирање на безбедносниот ризик по работењето на вашата компанија.

Заштита при работа односно безбедноста и здравјето при работа како збир на мерки, нормативи и стандарди пропишани за создавање на безбедносни услови за работа е од големо значење за секоја компанија. Агенцијата за приватно обезбедување “УНА” може да и помогне на вашата компанија околу стручните задачи во врска со безбедноста и здравјето при работа како и за контрола на обврските на вработените во спроведувањето на мерките за безбедност и здравје при работа.